Долгоочекуваниот повторен собир на „Пријатели“ конечно доби термин за првото свое прикажување, по одложувањето на снимањето предизвикано од пандемијата на коронавирусот.

„Пријатели“ беше една од најпопуларните хумористична серија во 1990-тите, а последната сезона заврши 2004 година. Специјалната епизода ќе биде достапна на стрим-сервисот „Ејч-би-оу макс“ од 27 мај. Оригиналната актерска екипа на серијата успеа да ја сними епизодата минатиот месец.

Шоуто најде нова генерација обожaватели, благодарение на повторувањата на епизодите на новите стрим-сервиси.

Сите шест члена на оригиналната екипа – Метју Пери, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер ќе глумат и во новата епизода, заедно со други sвезди гости, како Рис Витерспун и Том Селек… Се очекуваат и Лејди Гага и Џастин Бибер, кои важеа за големи вљубеници на серијата.