Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска при обиколка на градежните работи на мостот на реките Сава и Колубара кај Обреновац, говорејќи за повеќе градежни активности во Србија најави дека во средината на мај ќе заврши градбата на автопатот кон Македонија, јави МИА.
-До средината на мај ќе завршат работите во Грделичка клисура, со што, конечно ќе биде завршен јужниот крак на Коридорот 10 кон Македонија, а за месец дена ќе биде отворен и автопатот меѓу Обреновац и Чачак, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека за еден месец комплетно ќе биде отворена и источната делница на автопатот од Коридорот 10 кон Бугарија, што во целина ќе ја измени сликата на Србија.