Србија се покажа како посилен противник на мечот со Коста Рика на стадионот . Со мајсторски погодок од слободен удар во 56 минута, Александар Коларов и донесе победа на најмладата репрезентација на Мундијалот во Русија.

Недостатокот од шанси и голови го направи мечот монотон. Во завршницата натпреварот стана драматичен поради промашената шанса на Коста Рика да изедначи и црвениот картон кој го заработи Александар Пријовиќ во 95 минута.

По осум години пауза ова беше триумфално враќање на подмладената српска репрезентација на светските првенства. Коста Рика пак, на минатото светско првенство во Бразил беше најголемо изненадување бидејќи успеа да се пласира меѓу осумте најдобри екипи на тогашниот Мундијал.