Јапонскиот премиер Шинзо Абе денеска изрази надеж дека Јапонија и Русија ќе го решат мешусебниот територијален спор и ќе потпишат мировен договор, врз основа на довербата која ја изградиле со рускиот претседател Владимир Путин.
– Ќе го решиме територијалното прашање и ќе потпишеме договор, врз основа на довербата изградена со претседателот Путин, изјави Абе по разговорот со рускиот претседател во Сингапур.
Абе нагласи дека имал „суштинска дискусија“ со Путин за мировната спогодба. Тој истакна дека на разговорот присуствувале единствено само преведувачите.
Јапонскиот премиер рече дека е подготвен заедно со Путин да ја решат ситуацијата во која нема мировен договор помеѓу Јапонија и Русија, која трае повеќе од 70 години.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков претходно изјави за новинарите дека Путин и Абе се согласиле да го засилат руско-јапонските разговори за мировната спогодба, заснована на декларацијата од 1956 година.
Јапонскиот премиер и рускиот претседател се учесници на средбата на лидерите на земјите од Југоисточна Азија, Кина и други соседни држави што денеска се одржа во Сингапур.