Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен денеска ќе се сретне со својот кинески колега Ванг Ји на маргините на самитот на Г-20 во Рим, соопшти Стејт департментот.
Ова е втора средба на Блинкен и Ји, кои претходно се сретнаа во март на Алјаска.
Двете големи светски економии се спротивставуваат на повеќе фронтови, како што се трговијата, човековите права, Тајван и пандемијата на Ковид-19.
Претходно оваа недела, американската Федерална агенција за комуникации (FCC) и даде 60 дена на кинеската телекомуникациска компанија China TElecom America за да ја прекине работата на територијата на САД, каде што беше околу 20 години.
Ентони Блинкен, исто така, го „налути“ Пекинг кога во вторникот повика на „значајно учество“ на Тајпеј во органите на ОН и на меѓународната сцена. Кина истакна дека во органите на ОН работат суверени земји и дека Тајван нема право да учествува одделно во работата на меѓународната организација.