Пописот се одложува за месец септември, ова било договорено на денешната лидерска средба помеѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Како што информираше Мицкоски, прво ќе следи масовна имунизација на населението и на попишувачите, а потоа ќе дојде пописот, кој пак ќе ги одложи локалните избори наместо на почеток на октомври, на крајот
„Се договоривме пописот да биде одложен наместо сега во месец април да се одложи за месец септември како можен период да биде 5-30, односно 25 дена, а апликацијата со која се евидентира дијаспората да остане активна до физичкото завршување на пописот, а локалните избори наместо на првата половина на октомври да бидат одложена за втората половина од октомври“ рече Мицкоски.
„ Од страна на господинот Зоран Заев бев информиран дека во текот на април се очекува да пристигнат во Македонија околу 350.000 вакцини, а потоа сукцесивно во месец мај. Се согласивме дека откако процесот на имунизација на население, ќе се случи пописот. Затоа се договоривме да биде одложен и наместо сега во април, да се одложи за месец септември како можен период да биде од 5 до 30 септември, односно 25 дена. А локалните избори, наместо првата половина од октомври да се одложат во втората половина од октомври“, рече Мицкоски.
„Се согласивме и веќе утре во рамките на арламентот ќе биде измената на изборниот законик која се однесува на терминалите за вчитување на отисок на прст. Очекуваме успешно да биде изгласана во Собранието. Се согласивме да ги охрабриме групите кои преговараат за Изборниот законик, а тоа се предлозите за измена во една изборна единица, отворени листи за советници на следните избори, избор на градоначалник во прв круг, последно се разбира тука се гласање на дијаспортата на следните парламентарни избори надвор од дипломатско-конзуларните претставништва, и последно, имплементација на препораките од ОБСЕ“, додаде Мицкоски.