По писмото испратено од над 20 функционери на ДУИ, лидерот на интегративците Али Ахмети на средба со незадоволните членови. Први на средба беа членовите и функционерите на огранокот на ДУИ во Сарај, а подоцна и на Чаир. Со членовите на огранокот од Сарај беше и Блерим Беџети, кој се потпиша на писмото на незадоволните, или на групата позната како “Огнена“. Беџети дури објави и фотографија со лидерот на ДУИ, пишувајќи: “Заедно со претседателот и мојот пријател Али Ахмети и непоколеблив против извршната власт“. Беџети по средбата изјави дека за незадоволството го информирал Ахмети. На средба со Ахмети беа и Изет Меџити и Висар Ганиу со други функционери од Чаир. Од ДУИ не соопштуваат детали од овие средби на Ахмети со незадоволните ограноци.

„Тука не сме за договор, тука сме за проблемите на огранокот што всушност ги има и огранокот на Сарај, сопствените достигнувања и нормално и останатите работи, ги информирав и сите структури на огранокот зошто јас сум дел од потпишувањето на тоа писмо… Немој да мислите дека се предомислувам и се повлекувам од потпишувањето, никогаш не сум се повлекол во мојата активност. Немаме никакви услови упатени до господинот Ахмети, имаме јавно писмо кое како на неспорно прв човек, го известуваме за нашите забелешки, за нашето незадоволство“, рече Беџети.

-Дали се уште сте дел од ДУИ?

„Нормално да, и дел од ДУИ и дел од писмото“, додава Беџети.