Вицепремиерот и министер за транспрт Александар Николоски денеска во рамки на работната посета на Чешката Република оствари средбa со Мартин Купка, министер за транспорт на Чешката Република.
На средбата на која се потврдија добрите билатерални односи меѓу двете земји, се разговараше за реализација на транспортните политики и можноста за соработка меѓу Македонија и Чешката Република.
Вицепремиерот Николоски истакна дека Македонија како земја која се стреми за влез во ЕУ, фокусирана e на развој на сите видови транспорт долж европската транспортна мрежа со што земјата дава голем придонес во развој и промоција на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура. Во рамките на таквите активности во континуитет се работи на усогласување на домашното законодавство со европското, потенцираше вицепремиерот.
Двајцата министри ги отворија прашањата за соработка на помеѓу двете земји во делот на транспорт и инфраструктурата, потенцирајќи дека европските искуства и практики се значајни во реализација на капиталните проекти.
Вицепремиерот Николоски потенцираше дека Македонија има конкуретна позиција во регионот каде нуди усклучително добри услови за инвестирање и ги повика сите заинтересирани чешки компании да ги истражат инвестициските можности.
Двајцата министри изразија задоволство од дводневните работни средби меѓу прeтставниците на владите на Македонија Чешка и се согласија на интензивирање на соработката посебно во делот на економијата и инвестициите.