Денеска, изреволтирани матуранти протестираа пред Министерството за образование и наука и го искажаа својот став по повод полагањето на матура во време на пандемија – полагање два предмета наместо четири.
– Имаме јасни барања кои не се измислени, туку се добро осмислени и се резултат на нашите потреби. Како матуранти државните испити да се одржат, но, под услов да имаме само два предмети, од кои првиот предмет да биде мајчин јазик, а вториот изборен предмет. Поденоставно од ова не може да биде, поважно од квантитет е квалитет. Среде пандемија министерката шири дезинформации и неточни информации. Наставата ја бојкотираа 78 проценти од матурантите во земјава. Односот професор-ученик се претвори во закана-жртва, а односот професор-директор се претвори во жртва-закана. Денес имаме две категории на жртви и две категории на закани. Учениците добиваат закани затоа што имаат легитимни барања, а од професорите бараат да им се закануваат на учениците кои бојкотираат. Една поговорка вели: Грешката на докторот завршува под земја, додека грешката на наставникот оди над земја. Доколку продолжите вака оваа земја ќе биде исполнета со грешки повеќе над земја отколку од под земја.” – истакнаа незадоволните матуранти.
Бојкотот на наставата ќе продолжи и утре, а средношколскиот сојуз вели доколку не се исполнат барањата, протестите ќе бидат порадикални.
Над 78% матурантите не ја следат наставата во над 20 градови во земјава.