СРПСКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ УЧЕНИК: Направил попис и план како убиецот од Белград

/ 04.05.2023

Во полицијата утринава околу 9 часот и 55 минути било пријавено дека ученик од Основното училиште „Милоје Васиќ“ во Калуѓерица направил план и список, по примерот на убиецот од Белград кој уби осум соученици и чуварот.

Ученик од осмо одделение, според неофицијални информации, во полицијата изјавил дека по наговор на другар направил список и план.

Двајцата ученици и нивните родители се приведени на разговор во полиција.

На социјалните мрежи се појави пораката, која наводно ученичката ѝ ја испратила на мајка си.

„Мамо, денес некое момче од осмо одделение направи TikTok сметка наречена „kosta_letsgooo“, направи список со ученици кои ќе … дојде полиција Не не грижете се, сѐ е во ред“, се вели во пораката.


Од истата категорија