Додека кај нас власта се подготвува да ги отвори училиштата од 1 септември, во Србија медиумите јавуваат дека вториот бран на корона вирусот удира силно и ги напаѓа најмладите. Така, српски Курир пишува дека во претходните две недели, три дотогаш здрави деца завршиле на респиратор во болницата „Тиршова“, додека во друга болница на респиратор е 14 годинишно момче кое тренирало ватерполо.

Сите четири деца кои последниве две седмици завршиле на ресипиратор се на возраст меѓу 5 до 15 години, но по заразувањето со вирусот развиле тешка клиничка слика.

Како што додаваат српските медиуми, посебно е алармантeн фактот дека сите деца биле потполно здрави пред да се инфицираат, па тоа што развиле тешка клиничка слика која ги одвела на репсиратор, не може да се доведе во врска со други болести.

Пулмологот д-р Снешана Рсовац, началник на педијатриската и неонаталошка нега во „Тиршова“ во Белград изјавиле дека трите деца се опоравиле и сега се чувствуваат одлично.

„Колку што ни е познато, ниту едно од децата немало некаква претходна болест, но сите биле со малку поголема тежина од нормалната. Уште во февруари е забележано дека и децата можат да имаат тешка форма на тн. педијатриски системски инфламаторен одговор на организмот кон вирусот. Коморбидитетите се значаен фактор, но некогаш и целосно здрави деца можат да развијат тешка клиничка сика. Тоа може да биде последица на генетски условениот имунолошки одговор на организмот или на неадекватниот имунолошки одговор. Истражувањата се во тек и никој засега со сигурност не може ништо да каже ништо. Училишната година уште не почнала и мнозинството деца не биле во колектив“, рекла д-р Рсовац за Курир.

Таа додала дека ваквите случаи се мошне ретки и дека повеќето деца имаат лесна клиничка слика и дека затоа место за паника нема.

Слична е изјавата за Курир и на д-р Радое Симиќ директор на Институтот за мајка и дете во Белград, каде на кислород е 15 годишно момче.

Во Македонија исто така доаѓа до заразување на помали деца, но засега нема информации дека некое од нив развило тешка клиничка слика. Последна информација од дневните известувања на Министерството за здравство е дека во болницата во Козле има три позитивни деца. Најмладиот починат пациент беше 24 годишна девојка.

КБЦ Драгиша Мишовиќ

ТЕШКА КЛИНИЧКА СЛИКА

Директорот на ОБЦ „Драгиша Мишовиќ“ д-р Владимир Џукиќ рекол дека сега на болничко лечење има повеќе млади деца со тешка клиничка слика, што не било случај во првиот пролетен бран на вирусот:

„И кај децата сега се јавува сложена клиничка слика. Имаме многу повеќе деца со висока температура. Старосната граница се помести. Имаме 14-годишно момче, ватерполист, без придружни болести кој е на респиратор. Тоа е сериозна клиничка слика која се јавува младите во сите земји во регионот – нагласил Џукиќ додавајќи дека сега и кај бремените жени кои се заразени се јавува тешка клиничка слика.