Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека повторно станал студент, односно дека се запишал во Високата спортска и здравствена школа.
– По втор пат во животот, станав студент, овојпат на Вишата спортска школа за стручни студии, со намера да станам кошаркарски тренер за деца. Вие не би поверувале колку сум среќен што после многу години почнувам да ги остварувам моите детски соништа, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Вучиќ неодамна во интервју објави дека ќе студира за кошаркарски тренер и дека планира да ја продолжи таа професија по завршувањето на политичката кариера.