Српско-италијанска група која се сомничи дека продавала кокаин низ Европа денес е уапсена во Белград, јавија српски медиуми.
Во акцијата на српското Обвинителство за организиран криминал и нивни колеги од Милано, Италија, која траеле цела година, уапсени се 13 лица од кои пет се во Србија, а осум се во Италија.
Меѓу петмината уапсени во Белград се и Милован Николиќ – Профа и Јаков Контиќ кои се обвинети како лидери на криминалната група.
На конечната акцја и претходеле пресечување на четири транспорти со кокакин и апсење на седум лица. Претходно биле откривани транспорти со 2,2, 3,3, 1,8 и 14 килограми кокаин.
Со оваа кација вкупно се уапсени десет Срби, девет Италијанци и еден Словенец, а одземена е голема сума пари.
Се смета дека групата кокаинот, со чистота од 86,7 проценти, го набавувале во Холандија, а потоа преку Германија го транспортирала во Австрија каде пленот се делел. Еден дел бил префрлан во Италија.
Полицијата се сомнева дека годишно само во Италија биле префрлани стотина килограми кокаин.