Во Брисел денеска ќе се одржи состанок на шефовите на преговарачките тимови на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бислими, на кој ќе се разговара за имплементација на договореното на средбите во Охрид на 18 март.

Средбата Петковиќ и Бислими треба да започне околу 11 часот.

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано на вчерашниот брифинг истакна дека двете страни мора да се фокусираат на имплементација, бидејќи само така може да успее договорот, што би помогнало да се излезе од сегашната ситуација.

– Двете страни се обврзаа да се воздржат од какви било дејствија што ќе имаат спротивен ефект врз атмосферата, што е неопходно за конструктивен ангажман и помирување, посочи Стано.