И сабота е неработен ден, ако си работел денеска пријави да провериме дали било законски, порачуваат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

– Треба да знаеш дека законски можеш да работиш 4,5 месеци прекувремена работа неделно по 8 часа, останатите 7,5 месеци мора да работиш 40 часа неделно 5 дневна работна недела па така и сабота е неработен ден, а покрај додатокот на плата за прекувремени часови плус 35 отсто, ќе добиеш и бонус плата за прекувремена работа над 150 часа!- објави денеска ССМ на својот официјален профил на Фејсбук.

Од ССМ во објавата порачуваат да се преземе новата мобилна апликација ССМ – мои работнички права и да се пријави прекршување на Законот и Колективниот договор.