Во врска со трагичниот настан што се случи на територија на Општина Кисела Вода, изразуваме длабоко жалење за загубата на човечки живот и сочувство до семејството на починатиот. Безбедноста на граѓаните и работниците е апсолутен приоритет и не смее да биде предмет на политички поени, објави градоначалничката на општината Бети Стаменкоска Трајкоска.

-Во овој момент, надлежните институции постапуваат и во тек се проверки за утврдување на сите околности поврзани со настанот.
Општината целосно соработува со институциите и ќе постапи согласно сите наоди и препораки. Општината е отворена за дискусија во рамки на институциите, потенцира таа.

Стаменкоска Трајкоска е децидна дека ќе продолжи транспарентно да ја информира јавноста за сите релевантни информации веднаш штом тие бидат официјално потврдени.

Нашиот приоритет останува јасен – заштита на граѓаните, почитување на законите и одговорно постапување во интерес на јавноста, додаде во објавата Стаменкоска Трајкоска.