Дамјан Манчевски, заштитник на корупција, поткуп на гласачи и незаконски вработувања.
Дали во институциите има зголемен обем на работа и како ќе ги оправдате над 14 000 вработувања на определено време?
Дали се неоснoвани моите тврдења за незаконските вработувања преку Агенции за привремени вработувања (може да се уверите доколку се направи надзор во посочените институции)?

Очекувана е вашата реакција, панична и паушална и заради тоа со писмото очекувам поширока инволвираност од повеќе страни, за да се дознае вистината.
Само во држава со хибридни институции кои имаат забрана да постапуваат, без да се постапи по укажувањата, може да се тврди дека се е законски.

Дали со уредбата сте си овозможиле нови вработувања во администрацијата и дека тоа е нормално за вас а притоа илјадници работници од приватниот сектор ги губат своите работни места, вие си знаете. Изборите се распишани и со тој акт настапуваат забраните без разлика дали е одложен денот на одржување на изборниот процес.