Зоран Заев во 2016 година ветуваше намалување на бројот на министри на 20, а откако седна во премиерската фотелја си постави 25, се вели во реакцијата од дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска Стојковски.
– Предизборно Заев зборуваше и за преобемна администрација, а во неговиот мандат не само што не ја намали, туку создаде рекордно најголем број вработени во јавниот сектор. Пред да стане премиер, јавниот сектор во Република Македонија имаше 128.722 вработени лица. Овој број на почетокот на 2020 година изнесува 134.900. Никогаш Македонија немала толку многу вработени административци, како што е тоа под раководство на СДСМ. Ветуваше реорганизација на јавниот сектор и намалување на бројот на институции, а во неговиот мандат и бројот на институции се зголеми. На крајот на 2017 година во Македонија имало 1.299 институции, а со СДСМ на власт овој број на почетокот на 2020 година изнесува 1.324 институции. Тоа се уште 25 директорски места, канцеларии на директорите, шофери, лични асистенти, службени возила на трошок на граѓаните. Зоран Заев докажано прави спротивно на сè она што предизборно го ветува. Токму затоа, никој повеќе не верува во неговите зборови. На 15 јули граѓаните на Република Македонија ставаат крај на лагите и измамите на СДСМ. Граѓаните избираат обнова, се вели во реакцијата од Кабинет на дополнителен заменик министер за информатичко општество и адмнистрација.