Наглиот застој на економската активност, предизвикана од мерките за борба против пандемијата на новиот коронавирус, ќе предизвика глобална рецесија оваа година, предупредува „Стандард и Пурс Глобал“, проценувајќи дека растот на светскиот бруто домашен производ во 2020 година ќе забави на 1,0 до 1,5 проценти, ако не и повеќе.

Падот на протокот на пари и многу построгите услови за финансирање, со истовремен шок на нафтениот пазар, ќе ја поткопаат кредитната способност на компаниите и ќе предизвикаатзголемување на бројот на банкроти во наредната година, наведува С&П.

Комбинацијата на паѓање на цените на нафтата и екстремната нестабилност на пазарот на капитал, веројатно ќе доведе до скок на неисполнување на обврските меѓу корисниците на кредити. Во извештајот се предвидува дека во следните 12 месеци стапката на банкрот во САД би можела да биде повисока од 10 отсто, додека во Европа ќе биде „висока едноцифрена бројка“.

„Проектираме дека кинеската економија ќе забележи раст меѓу 2,7 и 3,2 отсто, а дека економијата во еврозоната во 2020 година ќе падне за 0,5 до 1,0 отсто“, се наведува во соопштението објавено на интернет страната на оваа институција.