Сите 5.800 вработени во битолската фабрика за автомобилски делови  „Кромберг и Шуберт“ во наредните 2 до 4 недели заминуваат на колективен одмор, поради откажани нарачки од клиентите. Ова за Телма официјално го потврдија од најголемата странска инвестиција во ИЗ „Жабени“ во Битола.

Во претходните 3 месеци од  фабриката биле отпиуштени 200 до 300 работници, поради намален обем на работа, односно  драстично намалување на продажбата на автомобили. Од „Кромебрг и Шуберт“  тврдат дека нема да има други отпуштања засега.

Оваа германска инвестиција беше отворена во 2013 година, а од тогаш до крајот на 2019 имаше над 6000 вработени, со што фабриката  е најголемиот работодавач во Регионот.