Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на КОВИД-19.
Тетово – 60, Скопје – 34, Гостивар – 21, Куманово и Битола – по 8, Струмица, Кичево и Дебар – по 5, Штип и Кочани – по 4, Прилеп и Струга – по 3, Берово – 2, Охрид и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 6, Куманово – 4, Кичево – 1.
Пријавени се три починати лица: две лица од Гостивар (68г и 86г) и едно лице од Скопје (82г), починати во болнички услови.
Направени се 5.276 тестови преку: ИЈЗ-163, ЦЈЗ Скопје-37, ЦЈЗ Битола-72, ЦЈЗ Прилеп-32, ЦЈЗ Тетово–43, ЦЈЗ Куманово–58, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-6, Институт за микробиологија–21, Жан Митрев (Филип Втори)-94, Авицена-304, Биотек-203, Систина-108, лабораторија Лаор-677, Синлаб-69, Ремедика-16, Плодност–51, Генеа–2, Никоб лаб-799, ВФВ Медикал-40, Ели Медика-14, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.466.
Досега во земјата се направени вкупно 994.490 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.707 бројката на оздравени пациенти е 150.440, на починати е 5.497, а бројот на активни случаи изнесува 770.