Жена на возраст од 92 години која ги измамила белгиските даночни власти за неколку милиони евра избегнувајќи да плати данок неколку децении, со одлука на суд денеска е помилувана од затворска казна.

Сепак, таа ќе мора да плати преку четири милиони евра на име казни и неплатен данок.

Жената именувана само како Бети В.  Обвинителството ја прогласи за „манијакална“ кога станува збор за располагање со пари. Доби помилување за казна од шест месеци затвор од Апелациски суд во Гент.

Судот и потврди условна казна од 16 месеци затвор. Судот исто така и зголеми за 50 отсто сума што таа треба да врати на државата, на износ од 3,7 милиони евра.

Бети В. Речиси 40 годии криела пари во Панама и други држави. Нејзиниот син кој има 62 години и учествувал во измамата, исто така е помилуван од затворска казна и доби само условна казна од осум месеци.