Даниел Стариџ од Ливерпул мора да одговори на обвиненијата на Фудбалската асоцијација во Англија за нелегалните обложувања до 11 февруари, јави „Скај Спортс“.

Почетниот рок за одговор на англискиот репрезентативец беше 20 ноември, но ФА го продолжи периодот. Во Англија, на играчи не им е дозволено да се обложуваат на фудбалски натпревари, како и да споделуваат инсајдерски информации со луѓе кои можат да ги искористат преку обложувања.

Дваесет и девет годишниот Стариџ направил две обложувања во јануари, кога беше на изнајмување во Вест Бромвич.

Минатата сезона на менаџерот на Флитвуд Таун, Џои Бартон, му беа суспендирани фудбалските права поради незаконски облози. Неговата 18-месечна казна надвор од фудбалот е намалена на само пет месеци.