Извршниот директор на американската Асоцијација за контрола на вооружувањето Дерил Кимбол изјави дека САД и Русија  привремено ги суспендираа билатералните инспекци предвидени со Договорот за намалување на стратешкото нуклеарно оружје (СТАРТ).

– САД и Русија се договорија да ги преинат инспекциите на терен според Новиот договор за за намалување на стратешкото нуклеарно оружје до 1 мај, посочи Кимбол.

Вашингтон и Москва исто така се договорија да го одложат состанокот на Билатералната консултативна комисија поради пандемијата со новиот коронавирус.

Билатералната консултативна комисија е формирана за остварувања на целите и одредбите на СТАРТ-3, со кој се предвидува двете страни да извршат инспекции. Според протоколот, секоја држава има годишна квота од 18 инспекции во базите со интерконтинентални балистички ракети, подморници и воздушни бази.