СТЕФАН АНДОНОВСКИ: Не може сега СДСМ да се одлепува од СЈО, кога нивни синови, ќерки, внуци… се вработени таму!

/ 28.11.2019

Бизарно е сега СДСМ да се одлепува од СЈО и од бонусите на СЈО, со изговор епа тие си правеле таму нешто и ние ништо не знаеме, кога огромен дел од луѓето кои што се вработени во СЈО се синови, ќерки, деца, внуци и братучеди на сегашни и поранешни владини функционери. Да не заборавиме еден податок а тоа е дека 4 месеци преговорите за Јавното обвинителство беа застанати затоа што аргументот на Заев и министерката за правда беше дека Катица Јанева е услов, ова го истакна советникот за меѓународни односи Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Само вистина.

Андоновски вели дека жално е што Републичкото јавно обвинителство не реагирало и не покренало истрага за трошењето на државните пари од страна на Јанева и СЈО кога ВМРО-ДПМНЕ го барале тоа бидејќи тие предупредувале дека постојат индиции за сериозен криминал и злоупотреба.
Жално е што на нашите барања за истрага на Јанева, немаше никаква реакција од Јавното обвинителство. Туку од сега откако се слушна во јавноста дека јаделе по 9 кг лешници Јавното обвинителство започна процедура, посочи тој.


Од истата категорија