На 57-годишна возраст, попладнево почина бизнисменот и поранешниот главен извршен директор на „Т-мобиле“ Жарко Луковски. Тој починал во болница како последица на мозочен удар кој го доживеал вчера.

Тој беше сведок во Обвинителството за гонење организиран криминал, за случајот „Рекет“.

Луковски важеше за човек близок со високото раководство на ВМРО- ДПМНЕ. Негов кум беше ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков.