„Исплаќања од 1000 евра, од 1.500 евра не смее да биде некоја не знам каква драма. Премиерот зема 84.000 денари плата, пратениците земаат 100.000 денари заедно со трошоците, кога ќе пресметате тоа се 18.000 евра годишно. За четири годни се 75.000 евра и од тука ќе извлекувате драма. Таму се вработени стручни служби. Таму се 10 специјални јавни обвинители кои ги ставиле главите под ризик. До ден денес нема пресуди затоа што заробеното сваровски судство е останато какво што е со огромни исклучоци на чесни судии. Истото тоа се случува и во ЈО. И од тука да влечете заклучоци дека злоупотребите во изборите не постоеја, тоа е монтирано, креирано, лепено“, појаснуваше денеска од говорницата Зоран Заев како одговор на прашањето на Крсто Јовановски во врска со исплатите во СЈО.