Фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стирлинг беше прогласен за најдобар млад играч сезонава во Англија во анкетата на Здружението на фудбалерите. Трофејот е исклучително вреден на Островот, бидејќи самите играчи можат да гласаат за другите, но без да се изберат себеси или соиграчите.
Во гласањето, 24-годишниот играч го претекна Трент Александар-Арнолд (Ливерпул), Бернардо Силва (Манчестер Сити), Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед), Деклан Рајс (Вест Хем) и Дејвид Брукс (Борнемут).
Наградата се доделува од сезоната 1973/74. Минатата година, Лерој Сане од Манчестер Сити беше најдобриот играч меѓу младите фудбалери.
Освен во оваа листа, Рахим Стирлинг се најде и во Топ 6 на гласањето за играч на сезоната, но беше надминат за првото место од дефанзивецот на Ливерпул Виргил ван Дајк.