Десетгодишен анти-рекорд сруши Реал Мадрид при поразот од 0-1 минатата ноќ од Рајо Ваљекано.

„Белите“ го забележаа десеттиот пораз во шампионатот, што не се случило од 2009 година, кога тие беа втори зад Барселона. Поразот на Рајо Ваљекано е нешто што не се случило во последните 22 години.

Многумина ги препишуваат лошите резултати од напуштањето на големата ѕвезда во последните години Кристијано Роналдо, кој веќе е играч на Јувентус и предвреме стана шампион на Италија.