Легендата на Реал Мадрид, Хорхе Валдано го анализираше претставувањето на „белите“ по натпреварот со Рајо Ваљекано и сврте поглед кон летото, коментирајќи за евентуални трансфери на „Сантијаго Бернабеу“.

– За Реал Мадрид играа многу фудбалери кои немаат натпреварувачки ритам. Реал Мадрид беше збирна индивидуалци. Секој сакаше сам да ја добие битката, но без Бензема доживеаја неуспех, штом ќе поминеа три четвртини од теренот, изјави Аргентинецот за „Онда Черо“.

Валдано ја прокоментира и веројатноста Пол Погба да игра во Мадрид.

– Погба нема да придонесе многу за играта на Реал Мадрид, но ќе придонесе со голови, рече тој.