Ако некој се прашува зошто дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дијк ја освои наградата за најдобар во Англија, постои статистика која делумно одговара на прашањето. Според неа, Холанѓанецот од кога пристигнална „Енфилд“, всушност не дозволува ривалот да помине покрај него.

Тоа го направил само еден играч – Микел Мерино од Њукасл. Холанѓанецот премина кај „црвените“ во јануари минатата година. Според „Сквавка“, Ван Дајк оттогаш загубил само еден дуел еден на еден, и тој е против Мерино. Тоа се случи на 3 март минатата година.

Ливерпул води битка на фронта – за титулата во Премиер Лигата и Лигата на шампионите. Во полуфиналето на вториот турнир, играчите од Мерсисајд играат против Барселона. Првиот натпревар е на „Камп Ноу“ на 1 мај, а вториот на 7-ми на „Енфилд“.