Стив Бенон, поранешниот политички стратег на претседателот на САД, Доланд Трамп, изјави дека ЕУ се обидува да го осуети брегзит.

Тој наведува дека елитите во ЕУ не сакаат брегзит.

– Видете што се случи. Немаат никаква намера да ве пуштат да си заминете, никаква, изјави Бенон во Универзитетот Оксфорд на дебати.

Тој не даде докази, туку само изјави дека ЕУ ги направила преговорите за „разводот“ исклучително тешки.

– Направија да биде најтешко што може, и ќе продолжат да прават да биде уште потешко, нагласи Бенон.