Ова е Абедин Адили од Тетово. Над 25 години е сточар. Некогаш имал 1500 грла стока, но сега има за 90% помалку, околу 150 грла. Причината за ова вели дека е доцнењето на субвенциите од страна на Министерството за земјоделство, се вели во репортажата на ТВ 21.
„Нека ги пуштат овие субвенции, или нека не ги пуштаат, бидејќи направија магариња од нас, илјада евра е еден работник. Тој од владата не знае каква е оваа работа, ние немаме плата, се давиме во трошоци, струја… нели се надуваа во оваа Македонија пари во вреќи, струјата ја праќаат паушално, од каде да земеме, немаме приходи, додека од страна на сточарството мислам уште три години, пошто само одам надолу и ќе се тргнам од оваа работа“, порача Абедин Адили.
Пред неколку дена од Министерството за земјоделство рекоа дека исплатиле поголем делк од субвенциите за земјоделците.
„Се известуваат сточарите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на директни плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството во 2024 година за обележани женски говеда, овци и кози. Вкупната исплата е 283,4 милиони денари за вкупно 9.623 сточари. Корисници на субвенции за евидентирани женски грла добиток се сметаат земјоделските единици кои имаат регистрирано женски грла, а кои на денот на поднесувањето на барањето наполниле 12 месеци. Финансиската поддршка за оваа мерка е 76 милиони денари за 6.342 корисници“, велат од Министерствотo.
Но, според Абедин цената на храната е многу висока, додека чувањето добиток во овој момент е многу тешко, бидејќи според него, ако овцата нема доволно храна, не дава млеко во големи количини.
„Јас имам 150 грла овци, за нив ми требаат 15 тони храна жито. Една овца во просек јаде од 800 гр до 1 кг жито, бидејќи се затворени а местото е тесно, треба да се има залиха за да им фрлиш доволно храна“, порача Абедин Адили.
Сега е период кога стоката се размножува, а сточарите очекуваат во месец мај да ги продадат јагнињата. Тие ќе бидат во загуба доколку минималната цена за килограм јагне не изнесува 350 денари.