Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ реагира на денешната изјава на министерот за надворешни работи Бујар Османи за „коспонзорство на нашата земја“ во ОН за прогласување меѓународен ден на геноцидот за Сребреница.
– За македонското коспонзорство на Резолуцијата за Сребреница утре ќе читате и слушате. Првиот одговор на прашањата беше во стилот дека без оглед на тоа што во иднина ќе се случува со регионот, Србите, некрофилскиот дизниленд Сребреница… фактот дека Али, Бујар, Таљат, Артан се осудија степенот на непријателството кон Србија и српскиот народ да го подигнат на највисоко ниво, спротивно на вољата на македонскиот народ кажува колку Македонија и нејзината државност паднала на ниски гранки… поразително нели?- се вели во реакцијата на Стоиљковиќ.
Тој ова го објави на неговиот официјален профил на Фејсбук, откако Османи денеска кажа дека „ нашата земја заедно со САД, Германија и други држави е коспонзор на резолуцијата во Обединетите нации за прогласување на 11 јули за меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница во 1995 година и одбележување на истиот секоја година“.