Таблата се уште стои, речиси 2 месеци по договорот, од 8-ми март, а еден месец по прославата токму тука кај патарината помеѓу Тетово и Гостивар на 4 април, ама теренот зад мене сеуште е трева и нема никакви градежни активности. Единствена активност во оваа држава е плаќањето на 117 милиони евра, без работа на терен. И таа сума ќе надмине 300 милиони, заради пенали, пак без работа на терен, обвинува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата:

Една од ставките која што ги предвидува финансиски импликации во висина од 117 милиони евра се однесува на дел од Договорот наречен contractor establishment payment.

Страница 119 од договорот, или втора страница од делот Schedule 1.

Ова е ексклузивно дел од Договорот којшто власта го крие, а свиркач го достави до ВМРО-ДПМНЕ!

Во слободен превод: “Плаќањето се ресурси за проектот за изведувачот, да се иницираат пред-градежни и административни активности, како што се формирање канцеларија на изведувачот, кампови и капацитети за поддршка на пред-градежните активности, подготовки, планот за безбедност на локацијата и здравје, првична испорака на опрема и материјали” (ама веројатно материјали за кампот и канцелариите) како “и формирање лабораторија”.

Се’ ама нема градилиште, нема градба, а пари се исплаќаат!

Владата на ДУИ и помалиот партнер СДС, го кријат договорот, потврдија дека исплатиле пари, токму како што пишува тука.

Државата со овој ваков договор ја ставија во должничко ропство.
Мора треба да има одговорност. Не ги плаќаат овие пари од сопствен џеб. Во нормална држава, за ваков договор, со пенали заради членови во договор вон закон и Устав треба секој ден да има нова оставка и нов процес!

Одговорност мора да има!