Интегрален текст од прес конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Фатени живи тонат се подоле. СДСМ вчера во општина Ѓорче Петров, внимавајте изгласа измена со проширување на буџетот на општината Ѓорче Петров за 2021 година. Измена и проширување по поминат ребаланс на буџет, измена и проширување на донесениот буџет за 2021 годинаа. Се со една цел, да и се даде на директорката на градинката пари за двете машини за перење од 25.500 евра, за цели 10.000 евра повеќе од реалната цена за две машини за перење кои што можат да се набават за 15.000 евра со ДДВ.
Ова е скандал. Ова е потврда дека зад набавката не стои градинката, туку Александар Наумовски, градоначалникот на Ѓорче Петров од СДСМ. Ова потврдува дека градинката не набавува со свои средства, од самофинансирачка сметка, туку за оваа намена пари сега и префрла Наумовски. Според одлуката за измена и проширување на буџетот која што вчера присилно беше изгласана од советниците на СДСМ во општината се префрлаат над 1 500.000 денари, купување на друга опрема за детските градинки, додека според јавните набавки градинката „Росица“ од Ѓорче Петров набавката на машините ја прави за над 1 560 000 денари, значи вкупната сума и ја префрла сега Наумовски преку одлука на Совет, со одлука на советниците од СДСМ во Ѓорче Петров. Вчерашното гласање ја потврдува лагата дека ниту директорката на градинката самостојно врши набавки, ниту дека, како наведуваа во соопштението, но и лично од градоначалникот Наумовски, цитирам, „Општината Ѓорче Петров нема никаква улога во тоа“. Напротив покажаа дека општина Ѓорче Петров, Советот и Наумовски имаат огромна улога советниците од СДСМ во Ѓорче Петров. Презедоа целосна обврска за сета сума за распишаниот тендер.
Не смее да се распише тендер, не смее да се потпишува договор ако се нема обезбедено пари. Во договорот јасно стои, рокот за плаќањето е 60 дена. Договорот е потпишан на 18 мај годинава, па што ако Советот сега, од најразлични причини, не изгласаше пари и не беа префрлени пари на градинката за да може да ги плати своите обврски по потпишаниот договор од страна на директорката.
Второ, јавната набавка се прави според план за јавни набавки, изгласан од телата во градинката поставени од Советот на Ѓорче Петров, а потврден од општината и според тој план се определува и буџетот на градинката. Истото важи и за општината.
Почитувани, според јавно достапните документи, во планот за јавни набавки на општината, но и на градинката јас не најдов ваква ставка, набавка на две машини за перење од 25.500 евра.
Вчерашниот ден е доволен индикатор за спрегата меѓу Наумовски од СДСМ, директорката на градинката поставена од СДСМ и од Наумовски и фирмата редовен добитник на тендери, во случајов фирмата дооел друштво со ограничена одговорност на едно лице Дон Холдинг Дооел со дејност товарен патен транспорт, редовен добитник на тендери во случајот фирма за транспорт што набавува машини за перење од 25.500 евра, единствен понудувач на тендер со целосна документација. Во услови на економска криза само еден се пријавува за набавка за две машини во вредност од 25.500 евра.
Уште повеќе што Наумовски од СДСМ преку соопштение испратено преку општинскиот портал, а потоа и во устен одговор даден за медиумите, се огради од набавката, посочувајќи ја директорката за директно одговорна за овие скандали,тендер и потпишан договор без обезбедени пари.
Сега Наумовски со вчерашниот скандалозен чин, изгласување на дополнување и измена на буџетот ги вплетка советниците на СДСМ во Ѓорче Петров да изгласаат обид за покривање на можен криминал. Со тоа и тие стануваат можни соучесници во него. Сега јавно прашувам, што е тоа што за два дена го смени ставот на Наумовски од СДСМ, за да преземе дел од скандалот на своја глава, скандалот од кој што се оградуваше? Што е тоа што директорката го знае и го плаши Наумовски да не излезе можеби во јавноста? Дали Наумовски се ставил во позиција да биде уценуван од директорката на градинката? Дали гласањето на оваа измена на буџетот сега е резултат на уцена врз градоначалникот? Што е тоа што директорката, редовен корисник на услугите на истата фирма за транспорт го знае и може да го каже на истражните органи? Дали мотивацијата за сето е разликата од 10.000 евра во цената за само две машини за перење?
Вчерашниот ден е огромна индиција институциите да почнат да работат за она за што се платени, пред се ЈО и ДКСК. Злоупотребата на службена должност се прави и со преземање, но уште повеќе и со непревземање на постапки. Се додека молчат, Македонија ќе тоне во криминал и корупција.
Немало и ќе нема полошо за Ѓорче Петров, немало и ќе нема полошо за било која општина, немало и ќе нема полошо од СДСМ за Македонија.