Нема општина водена од СДСМ со реализиран капитален проект! Нема општина водена од СДСМ со нов отворен капацитет и вработувања за граѓаните! Нема општина водена од СДСМ каде што има барем делумно задоволни граѓани или решен барем еден проблем, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
-Ама затоа има општини водени од СДСМ каде што царува криминал. Затоа има општини водени од СДСМ каде што царува полнење на администрацијата со партиска војска! Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалници манијачат врз жени! Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалници шверцуваат и пукаат во полиција! Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалници силуваат совети со буџети за машини за перење, истакна тој.
Стоилковски вели дека има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалниците плаќаат 300 евра за едно метро даска!
-Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалниците кои што плаќаат 500 евра за една клупа! Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалници кои што менуваат дупови се од СДСМ за нова бетонизација! Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалниците се фалат со чевли од своите фабрики и не даваат плата, рече портпаролот.
Тој обвинува дека СДСМ се што кажа се што вети се излажа.
-Нема човек што не се чувствува измамен од ветувањата на градоначалниците на СДСМ. Македонија е земја во рецесија во економска криза, со отпуштени работници, со растечка корупција, со растечки криминал! И СДСМ повторно ви ги нуди истите луѓе повторно со истите лаги! Време е СДСМ да замине во историја! Време е СДСМ да не се повтори! СДСМ е најлошото за Македонија, СДСМ е најлошото за вашата општина! Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе, порача Стоилковски.