На ред е шампионот по афери и криминогени скандали. Следуваат 30-те прашања за кои Венко Филипче не одговара за сега, ама ќе одговара, наскоро!
Ова го истакнува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски и ги поставува прашањата до министерот за здравство, Филипче:
- До каде е новиот Клинички од половина милијарда евра, или чекате да дојде до милијарда?
- Дали до толку им требаат амбулантни возила во Скопје, или е само завист за службените џипови за директорите?
- Колку посто е маржата за набавка на инсулин, па што се уништува оној со валиден рок?
- Дали сте единствен министер за здравство на кој му се случи, денеска отворена човек-фирма со НУЛА ИСКУСТВО да биде ЕДИНСТВЕН понудувач на тендер тежок дури 36 милиони евра И ТАА ДА МУ БИДЕ ПРИФАТЕНА или еден Жути?
- Има ли уште некоја донација со кус рок во вашата невладина што може да ја поделите на пациентите, како инсулинот во 2018?
- Имаше ли санкции за набавките на директорката Пановска Ставрдис од компанијата на татко и тешки над 3 милиони евра или и натаму си пазари дома?
- А санкции имаше ли за набавките за онкологија и радиологија, пак со Пановски, во четири очи за 400.000 евра, сомнително оправдувани како интервентни набавки?
- Мерцедесот уште ли се продава за амбулантни возила, или и така редовно се вози пациент?
- Колку патарини се минуваат, за да се однесат транши рекет до благајникот со брада во струмичко, во аферата Рекет2?
- Ако сакавте да ја преземете Дијамед, пред нос на шведскиот инвеститор, по колку ќе поделевте со Ден Дончев, ќе му кажевте ли на шведскиот амбасадор?
- Ви недостасуваат ли вечеринките со Боки 13 на кои разговаравте за здравствениот систем, јавно приватно партнерство, колку чинат месечните транши рекет, или кој да ја купи Диамед?
- Дали пак се доведувате во теснец за штипската клиника со само 7 дополнителни милиони евра од буџетот, наместо да заокружите на 10, па што ќе остане повторно се ваши?
- Што ве налути детската кардиохирургија што толку студено се отарасивте од неа и ја оставивте „на приватно“?
- Оперираат ли сега доктори без дозвола за работа или без соодветна лиценца срциња на деца, или како министер за здравство не е ваше да се мешате во приватниот сектор?
- До каде е рековте новиот Клинички центар во Скопје? А во Битола до каде е? Требаше да биде готов според ,,Планот 24 месеци“ на владата? Веќе и онака не е важно нели?.
- Колку точно доктори и медицински сестри го фатија патот кон Германија со вашите рекетарски реформи?
- Место нив, преземате ли доктори од приватниот во јавен сектор, вчера вработени и со стаж од еден работен ден?
- Колку сега се чека за Мој Термин за дијагностичките процедури, ортопедијата и урологијата, сте закажале ли за проба?
- Навистина Филипче, кој е одговорен за огромната количина отпад во дворот на Клинички центар?
- Имате член на семејството за фотографирање како прима „вакцина“ за Корона вирус, може и со капаче?
- Зошто нема резерви на адекватни заштитни маски, комбинизони, заштитни наочари, дезинфекциски средства и слично за справување со биолошки закани, или тука е секогаш сигурниот Пановски?
- Ако бројните вработувања во здравството сега пред избори се итност, значи ли тоа дека здравствениот систем е во критична состојба со кадар?
- Ќе проработи ли еднаш фамозниот акцелераторот во Битола заедно со бункерот вреден 8 милиони евра, или и натаму само ќе го најавувате?
- Бесплатното болничко лекување за сите осигуреници, согласно изборната програма на СДСМ во ,,Планот 18 месеци“, се чека да почне на новиот Клинички центар крај Скопје?
- Имате ли табели за споредување на различните резултатите од лабораториите – секоја со свои мерки и апарати?
- На седенките со Вице Заев за кого се ви интервенираше и фаќаше врски, како вели Зоран Заев, може ли да откриете, или можеме и сами треба да ги нагаѓаме?
- Колку посто од лекарите специјалисти имаат плата од 100.000 денари?
- Функционира ли Диабет центарот кој помпезно го отворивте во Велес?
- Зошто прекина секаква едукација на доктори во странство, спонзорирани од министерство, од кога вие лично ја искористивте?
- На крај, што се случи со тендерот за стерилизација тежок над 13 милиони евра, па министре ќе се сложите, не е фер Жути да не го земе по 79 милиони евра земени од тендери од кај вас?