На крајот Димитар Ковачевски го прифати она што ВМРО-ДПМНЕ уште од почетокот го зборува и тоа се случи вчера. Не така одамна беа неговите изјави дека изборите ќе бидат одвоени, но ете за еден месец прифати заеднички, изјави за Радио Лидер, Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа истакна дека ВМРО-ДПМНЕ од почетокот настојува за заеднички избори од повеќе причини, а власта колку и да бегаше од соочување со народот на крајот а прифати реалноста.
– Нашата изборна победа е извесна, колку и да бегаат од изборен пораз мора да се соочат со реалноста. Ако знаеме дека според Устав последниот датум за одржување на претседателски избори е 8 мај, знаејќи дека се одвиваат во два циклуси, значи дека крајот на април или почетокот мај треба да биде вториот круг на претседателските избори, потенцираше Стојаноска.
Стојаноска посочи дека народот е страшно разочаран, тие мислат дека тоа разочарување ќе го демотивира да излезе на избори, но периодов кој следи сите маски ќе им паднат.
Во земјава не остана човек кој не страдал од оваа власт освен онаа мала група во власта. Имаше и теми кои не ги засегаа, но сега кога им стигна извештајот на Европската Комисија прстот го вперуваат во сите, само не во себе, рече Стојаноска.
Стојаноска посочи дека периодов мора да сме внимателни особено во Собрание каде власта ќе се обиде да внесе сомнителни предлог закони, како што е сомнителен предлог буџетот кој повторно е најголемиот во историјата.
Се работи за најголемиот буџет, го имаат зголемено долгот, нема капитални инвестиции, нема покачени плати освен на функционерите, штрајкуваат пензионери, администрација, само власта смета дека не е лошо, изјави Стојаноска.