Вчера, заедно со носителката на листата во ИЕ 6 од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во посета на Теарце беа и техничките министри Панче Тошковски и Ѓоко Велковски.
Остварија средби со жителите кои добија ветер во грб и беа задоволни од тоа што имаа можност да разговараат за нивната живеачка и опстанок во овие краишта.
-Тие биле и се македонскиот непокор. Остануваат во родните краишта, но овој пат очекуваат многу поголема поддршка од централната власт, бидејќи оваа сосема ги заборави, вели Стојаноска.