Моја јавна замолница до сите гласачи во ИЕ 6 е следна: Гласајте за партиите кои гласно ќе ве претставуваат во Парламентот! Гласајте за пратеници кои ќе бидат ваш сервис! Не го давајте гласот за салонски и безгласни пратеници! Не го губете гласот. Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али.
Ова во своето обраќање го истакна носителката на ИЕ 6 на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Твоја Македонија” – Дафина Стојаноска, на вчерашниот митинг во Брвеница.
-Гласајќи за опцијата која на 24-ти немаше доволен број за пратеник, ќе гласате за пратеник плус да има Дуи. На 24-ти покажавте дека ве има и дека сакате промени, затоа ве замолувам да ни помогнете, да гласате за ВМРО-ДПМНЕ, за да имаме уште едно гласно грло во Парламентот и уште еден народен претставник, а не избраник на Али.
Сетете се дека ништо не реализираа изминативе 7 години, а истрошија преку 20 милијарди евра ваши пари. Направија долг повисок од 8 милијарди евра. Затоа, ќе повторам, не дозволувајте да ве поткупат со вашите пари и не го фрлајте гласот за Али Баба и разбојниците. Во ИЕ 6 има чесни Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби. Во ИЕ 6 тие ќе одлучат, а не Али Баба и Таче.