Нема да дозволам заради политички поени на одредени партии и поединци да трпи интересот на граѓаните!
Во ова мое обраќање пред советниците ги објаснив сите детали за Урбанистичкиот план СЗ 16. Јасно, детално и концизно за секој да разбере, освен тој што свесно не сака, истакна градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Тој на својот Фејсбук профил обрави дека со урбанизирање на овој дел од општината, се овозможува изградба на:
Локација за ново основно училиште
Локација за нова детска градинка
Нови зелени површини од минимум 140.000м2 во срцето на Ѓорче Петров
Нови детски игралишта
Нов спортски центар
Ново булеварско решение
Нов трговски центар
Нови развојни погони
Катна гаража
-Овој план ги исполни сите урбанистички норми и ќе претставува пример како секој план треба да биде донесуван во партнерство со граѓаните. За овој план позитивно мислење покрај граѓаните, дадоа сите вклучени институции, вклучувајќи ги и Министерството за транспорт и врски и Министерството за одбрана.
Советот на Општина Ѓорче Петров на седницата го усвои овој план без ниту еден глас против со што општината во овој дел ќе прерасне во едно модерно и урбано место да живеење, место со кое што сите ќе се гордееме и ќе биде ликот на општината. А “најгласните” советници не се ни одважија да присуствуваат на седницата и да го кажат своето мислење таму. Од овој момент натаму секој кој што ќе сака да добива ситни политички поени на овој начин ќе го повикам да ја водиме дебатата директно пред граѓаните на населбата Александрија наместо во удобните општински простории, па на лице место да ги соочиме аргументите, рече тој.
Градоначалникот посочи дека промените се започнати и нема да запрат.
„Ќе реализираме уште многу проекти за подобро, поубаво и пофункционално Ѓорче Петров“ – истакна Стојкоски.