За мене лично најголемиот победник на овие избори е колегата Александар Јовановски од Кичево, првиот кој успеа да ги сруши сите бариери и за четири години со сигурност ќе биде градоначалник на Кичево, истакна вечерва Александар Стојкоски, новиот градоначалник на Ѓорче Петров, инаку лекар од скопска Радиологија при Клиничкиот центар.
Александар Јовановски, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, загуби во Кичево од Фатмир Дехари. Тој е лекар, а овие избори беа можност пошироката јавноста да јс запознае и неговата приватна страна, односно дека е женет со Албанка, дека на нивниот брак му предвидувале краток рок, но наспроти тоа тие живеат среќно и имаат три деца.
Неговата победа беше речиси сиурна, доколку ДУИ не органзираше превоз на Албанци од кичевско кои се во странство, со авиони до скопскиот аеродром, а потоа до Кичево со автобуси за да гласаат за Дахари.