Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кичево, Александар Јованоски, иако во првиот круг имаше најмногу гласови на локалните избори, во вториот загуби од противкандидатот Фатмир Дехари, кој доби огромна логистичка поддршка од ДУИ и победи со гласачи од странство кои допатуваа со конвој автобуси и авиони.

– Граѓаните сакаат промени, сакаат да излеземе од ова сивило, овој хаос, но има луѓе кои не се свесни во кои услови живеееме. Сакаат да придонесат за кауза која не доликува на моментот, ние бракови склопуваме, се сакаме, се поддржуваме, нема простор за етнички коалиции. Искрено, мене ми е жал што немам авиони, изјави Јованоски.

Тој на старо-новиот градоначалник му честита и му посака „да не се натпреваруваме за исти теми по четири години“. Јовановски најави дека повторно ќе се кандидира за градоначалник на Кичево по четири години.