Семејството Митоски од Тетово апелира до јавноста за информации околу исчезнувањето на 40 годишниот Бошко Митоски.

Според Анѓелко Митоски, неговиот брат, Бошко последен пат од блиските бил виден пред неколку дена. Братот додава дека пасошот на Бошко бил пронајден во населба Аеродром во Скопје.

Неговиот брат Анѓелко на 29 октомври го пријавил неговото оддалечување од домот во полиција, по што немале контакт.

-Мојот брат Бошко Митовски пред неколку дена излегол од дома и му се губи секоја трага. Последна информација е дека му е најдена патна исправа во населба Аеродром Скопје. Ако некој го види замолувам да не известите на телефоните 075 450 793 и 075 342 437, пишува на социјалните мрежи, братот на Бошко, Анѓелко Митовски.