Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг од денеска до среда ќе учествува на годишниот состанок на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос, соопшти Алијансата.
Како што се наведува во соопштението, во рамки на Форумот утре Столтенберг ќе има обраќање на пленарната сесија под наслов „Осигурување на несигурниот свет“.
Покрај ова, предвидено е генералниот секретар на НАТО да има билатерални средби со други учесници на Форумот.
Фото: МИА Архива