Генералниот секретар на НАТО по средбите во Скопје заминува за Атина каде што вечерва ќе има работна вечера со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Како што јави МИА од Атина, посетата на Грција на Јенс Столтенберг ја најавија од прес центарот на НАТО, но и од кабинетот на грчкиот премиер.
Според соопштението од НАТО, генералниот секретар денес и утре ќе биде во Грција, а денес ќе се сретне со Ципрас.
Од кабинетот на грчкиот премиер соопштуваат дека Алексис Ципрас утре ќе се сретне до францускиот министер за надворешни работи кој е во работна посета на Атина, а во 19 часот по локално време ќе има работна вечера со Столтенберг.