Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вечерва на Твитер напиша дека Алијасната ја следи ситуацијата во Полска по експлозијата во близина на полско-украинската граница , додавајќи дека спојузниците имаат внимателни консултации.
„Разговарав со претседателот на Полска, Анджеј Дуда за експлозијата. Мое сочувство за загубата на животите. НАТО ја следи ситуацијата и сојузниците внимателно се консултираат. Важно е да се утврдат сите факти“, напиша Столтенберг на Твитер.
Да потсетиме, висок американски разузнавач попладнево изјави дека руски проектили паднале врз Полска, членка на НАТО, и дека во таа прилика загинале две лица.
Полската влада потврди дека две лица загинале во експлозија на истокот на земјата, но не прецизираше што ја предизвикало. Варшава вечерва донесе одлука да ја крене борбената готовност на дел од своите вооружени сили.-Имаше експлозија во источна Полска, изјави владиниот портпарол Пјотр Милер по состанокот на Советот за национална безбедност.
Милер кажа и дека Варшава проверува дали треба да го активира членот 4 од НАТО. Во овој член се наведува дека „страните секогаш заедно ќе се консултираат кога, според мислењето на која било од нив, територијалниот интегритет, политичката независност или безбедноста на која било од страните е загрозена“.