Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за „Фајненшл тајмс“ изјави дека заканата од терористички напад врз аеродрмот во Кабул се зголемува секој ден.
– Од една страна, ние би сакале да имаме што е можно повеќе време за да извлечеме што е можно повеќе луѓе. Меѓутоа, ако останеме по 31 август, особено ако талибанците не ни дадат барем премолчена согласност, заканата од напади расте, истакна Столтенберг.
Тој додаде дека во Кабул се одвива една од најголемите операции за евакуација во историјата.
– По повлекувањето на војниците од Авганистан НАТО ќе продолжи со напорите за евакуација со комерцијални летови и ќе бара од талибанците да ги отворат копнени маршрути, наведе Столтенберг.