Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изрази уверување дека Алијансата наскоро ќе најде решение за испорака на борбени тенкови на Украина.
– Во овој клучен момент од војната, мораме да обезбедиме потешки и понапредни системи за Украина и тоа мораме да го направиме побрзо, изјави Столтенберг по средбата со германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
Тој рече дека со Писториус разговарал за борбените тенкови.
– Консултациите меѓу сојузниците ќе продолжат и уверен сум дека наскоро ќе имаме решение, додаде Столтенберг.